Судската ефикасност во справувањето со корупцијата во Македонија добива позитивна оценка, судењата и казните се правични, а судиите главно непристрасни и со изразено чуство за фер судење. Ова го покажува проектот “Програма за наблудувањена судските предмети во врска со корупцијата во Република Макеоднија“, спроведен од страна на Коалицијата "Сите за правично судење" каде што беа наблудувани 110 предмети.
Според кординаторот на овој проект, Славица Димитровска во однос на објавување на пресудата може да се заклучи дека судовите имаат зголемување на бројот на објавени пресуди во рок од три дена во однос на пресудите што се објавени повеќе од три дена.
“Судовите имаат блага казнена политика која просечно се движи во рамките на долната половина од законски предвидената казна за определен кривично дело“, додаде Димитровска.
Ова набљудување покажува дека најголема слабост на судската истрагата е долгото траење, несоодветно прибирање на докази и повторување на дејствијата, а како главни причини за развлекувањето на истрагата се наведуваат некоордираните односи помеѓу полицијата, јавното обвинителство и судот.
Проектот “Судската ефикасност во справувањето со корупцијата во Македонија“ беше поддржан од страна на Civil Rights Defenders поранешен Шведски хелсиншки комитет и амбасадата на Кралството Холандија во Македонија.