01 March 2010

Што е корупција?

Се вели дека корупцијата е стара исто колку и организираното човеково општество. Корупцијата се смета за универзална појава присутна во сите држави и системи. Таа е злочин во кој жртвите се неименувани но многубројни. Најчесто тоа се обичните граѓани.
Една од многуте ефекти на корупцијата е продлабочената и продолжена сиромаштија со која што се уништуваат можностите за просперитет на младите во економска смисла пред се.
Корупцијата ги загрозува работните места, човековите права, реформите, инвестициите, општествениот напредок и развој...

И нашата земја не е имуна на коруптивните процеси и појави. Но Македонија покажа дека може успешно да се бори против корупцијата и да покажува резултати. Според Индексот на перцепција на корупцијата (Corruption Perceptions Index- CPI) кој ги рангира земјите во светот врз основа на оцената за перцепција на корупцијата којашто се движи од 0 (потполна корупција) до 10 (без корупција), Македонија во 2009 година се најде на 71 место, во споредба со 2006-та година кога Македонија беше рангирана на далечното 105 место.

Борбата на Македонија против корупцијата од година во година е сè поуспешна. Тоа докажува дека Македонија може подобро.
Затоа заеднички да продолжиме со напорите и да правиме сè за да ја победиме корупцијата, да го направиме најдоброто за Македонија.

Што е корупција
Во најширока смисла, корупцијата се смета за било каква форма на злоупотреба на јавната служба и должност заради постигнување лична корист, без оглед дали е во јавниот или приватниот сектор.

Кој може да биде корумпиран?
Корумпирана личност е секое официјално и одговорно лице кое за лична корист или корист на групата во која припаѓа, го игнорира општиот интерес кој треба да го заштити поради положбата и овластувањата кои му се доверени. Чин на корупција е секоја ситуација во која некое лице се обидува да понуди или пак се согласува да обезбеди поткуп. Лицето кое нуди надомест со цел да оствари сопствена корист се вели дека нуди мито , а лицето кое го прифаќа поткупот е корумпирано лице.
  • Stumble This
  • Fav This With Technorati
  • Add To Del.icio.us
  • Digg This
  • Add To Facebook
  • Add To Yahoo

No comments: