01 March 2010

Закон за корупција

Член 31 од ЗСК
Избран или именуван функционер, службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие или друго правно лице што располага со државен капитал не смее да прима подароци или ветување за подарок, освен пригодни подароци, како книги, сувенири и слични предмети во вредност чија висина е утврдена со закон.

Член 44 од ЗСК
Избран или именуван функционер, како и друго службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа и друго правно лице што располага со државен капитал е должно да го пријави секое казниво дело поврзано со корупција, како и секоја повреда на одредбите од овој закон, за кои дознало во вршењето на својата должност.

Член 47 од ЗСК
Избран или именуван функционер, како и друго службено лице и одговорно лице во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице што располага со државен капитал на кое му е понуден поткуп, должно е да преземе мерки на идентификација на понудувачот и да го пријави на надлежен орган.

Член 64 од ЗСК
Секој вработен во банка, штедилница, менувачница, осигурително друштво, берза или друга финансиска организација е должен веднаш да пријави сомнителна трансакција што е во врска со корупција. Пријавата се доставува до одговорното лице во тоа правно лице и органите определени со закон и до Државната комисија.

Член 65 од ЗСК
Одговорно лице во трговско друштво или друго правно лице не смее да ја искористи својата положба, да прими награда или каква и да е друга корист или ветување за тоа, за себе или за друг, заради:
-создавање монополска положба на пазарот;
-дискриминација на други трговски друштва или други правни лица;
-предизвикување растројство на пазарот;
-причинување штета на друго физичко или друго правно лице, што не е резултат на лојална конкуренција на пазарот.

Член 71 од ЗСК
Со парична казна од 20.000 до 50.000 денари ќе се казни за прекршок тој кој што врши присилба или на кој и да било начин забранува да се објави или да не се објавува информација за случај на корупција, освен ако се остварени елементите на кривично дело, како и тој кој што го попречува пристапот кон изворите на информации спротивно на членот 62 од овој закон.

Во целост да го прочитате законот за корупција кликнете на следниот линк:



  • Stumble This
  • Fav This With Technorati
  • Add To Del.icio.us
  • Digg This
  • Add To Facebook
  • Add To Yahoo

No comments: