
Владата на Република Македонија и надлежните министерства се свесни за својата одговорност во борбата против корупцијата, но исто така се свесни и за исклучително важната улога на останатите сегменти во општеството и граѓаните и настојуваат да преземат одлучни чекори за спречување на сите казнени коруптивни дела. Затоа ги повикуваме на соработка сите граѓани во Р. Македонија да ни се приклучат во тоа настојување.
„Не барај ,одбиј ,пријави. Корупцијата завршува со тебе.“ Ова е мотото на кампањата за борба против митото и корупцијата на Владата на Република Македонија. Овој блог е дел од таа кампања.
Кампањи за борба против корупцијата во Македонија се водат веќе неколку години, најнапред се подигаше свеста на граѓаните додека потоа тие на специјално отворени телефонски линии можеа да пријавуваат коруптивни дејствија. Токму овие активности допринесоа Македонија да биде една од водечките држави во регионот во борбата против корупцијата.
Официјалните податоци говорат дека последните години бројот на коруптивни акти е намален и како последица на изречените казни против сторителите.
Ги охрабруваме сите граѓани кои ќе се најдат во ситуација кога, не по своја желба, треба да дадат или да примат мито да ја пријават истата на бесплатниот телефонски број 199.
No comments:
Post a Comment