01 March 2010

ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА КОРУПЦИЈАТА ПОТРЕБНА НИ Е И ВАШАТА ПОМОШ

Владата на Р. Македонија и надлежните министерства свесни за својата одговорност во борбата против корупцијата, но исто така свесни и за исклучително важната улога на останатите сегменти во општеството и граѓаните, настојува да преземе одлучни чекори за спречување на сите казнени коруптивни дела. Затоа ги повикуваме на соработка сите граѓани во Р. Македонија да ни се приклучат во тоа настојување.

И да не заборавиме дека Законот не штити дури иако сме дале мито по барање на некое службено или одговорно лице, а тоа сме го пријавиле до надлежните институции пред тие сами да дознаат. Ако постапуваме на ваков начин, шансите да го добиеме она што го посакуваме стануваат многу поголеми.

Владата на Р. Македонија и надлежните министерства се отворени за комуникација, информации, сугестии, предлози и коментари. Сакаме да нагласиме дека за успешно спротивставување на корупција не се доволни само нашата искрена желба и определба. Успешната борба против корупцијата е взаемна доверба, трпението и разбирањето за фактот дека резултати може да се постигнат само со почитување на пропишаните законски процедури и регулативи.

НЕ БАРАЈ, ОДБИЈ, ПРИЈАВИ! КОРУПЦИЈАТА ЗАВРШУВА СО ТЕБЕ!

Можете да не контактирате на бесплатниот телефонски број: 199
Ви благодариме за соработката!
  • Stumble This
  • Fav This With Technorati
  • Add To Del.icio.us
  • Digg This
  • Add To Facebook
  • Add To Yahoo

1 comment:

Martina said...

Секојпат во дискусиите со пријателите, кога ќе се спомене корупцијата кај државни службеници и јавни работници (здравство, судство, образование, министерства, царина... и сл.)како причина се наведува нискиот стандард и платите.
И тоа ме иритира!!! Па до кога ќе се лажеме??? Ако беше така, секој кој краде, на суд може да каже дека немал доволно пари за да ги прехрани децата. До кога ќе го оправдуваме својот коруптивен дух???До кога за секоја „нормална“ работа - не чекање на шалтери и ли пред ординација, треба да се чувствуваме “благодарни“? Дури и јас сум се нашла во ситуација да ми бутнат пари во рака, за услуга, и да не изреагирам, односно да не ги вратам парите, бидејќи било брзо и неочекувано. Отпосле се освестив и покајав и за друг пат ќе знам подобро. Беше ситно 10 евра, но така се почнува ...и така доаѓам до најважното прашање: Која е границата??? Колкава треба да биде платата за да не се прима мито, кога сите знаеме човечката алчност нема граници... секој сака да направи куќа на три ката, да вози незнам какво возило...
Затоа мислам дека треба да се бориме против корупцијата заедно и да не наоѓаме изговори за нашите коруптивни постапки.