01 March 2010

Цената на корупцијата што ја плаќа човештвото

Високата цена на корупцијата се чувствува во скоро сите сфери на општеството:  политичката, економската, социјална како и целокупната  животна средина.
На политичкиот фронт, корупцијата претставува главна пречка за демократијата и владеењето на правото. Во рамките на еден демократски систем институциите го губат својот легитимитет кога истите се злоупотребуваат за лична корист. Корупцијата е штетна за веќе воспоставените демократски системи, но е уште поштетна за оние кои се во развој. Одговорно политичко раководство не може да се развива во средина која е корумпирана.
Од економско гледиште, корупцијата води до осиромашување на националното богатство. Корупцијата многу често е одговорна за ограничувањето на јавните ресурси за основните инфраструктурни проекти како што е изградба на училишта, болници и патишта, снабдување на руралните средини со електрична енергија и вода. Покрај тоа корупцијата го попречува развојот на фер пазарни структури и ги крши принципите на конкурентност со што директно ги спречува новите инвестиции.
Една од најштетните последици на корупцијата по општеството е онаа што ја засега неговата социјална структура. Таа ја разорува довербата на луѓето во политичкиот систем, во институциите на државата и во државното раководство. Фрустрацијата и општата апатија помеѓу разочараната јавност резултира со слабо граѓанско општество. Деградацијата на општеството е уште една последица на корумпираните системи.

Глобално, насекаде во светот корупцијата влијае врз животот на луѓето на многу начини. Во најлошите случаи, корупцијата чини дури и човечки животи. Во безбројните останати случаи, таа чини слобода, здравје и пари. Корупцијата има глобални последици затрупувајќи милиони луѓе во сиромаштија и мизерија, размножувајќи ги социјалните, економски и политички немири. Корупцијата ја причинува сиромаштијата, а од друга страна го спречува надминувањето на истата.
  • Stumble This
  • Fav This With Technorati
  • Add To Del.icio.us
  • Digg This
  • Add To Facebook
  • Add To Yahoo

1 comment:

Ѓока said...

Цената единствено треба да ја плати оној кој бара корупција и таа треба да биде висока. Би рекол copy>past на Кинескиот закон за корупција, само не до седмо колено :)