1. ПОДМИТУВАЊЕ
Подмитување вклучува ветување, нудење или давање на бенефиции во корист на несоодветно однесување, дејствија или одлуки на јавни службеници или членови на владини комисии. А поткупот може да се состои во пари, акции на компанијата, во доверливи информации, подароци, патувања, услуги и друго. Митото кое го добиваат корумпираните службеници може да биде директно или индиректно. Индиректно мито е кога придобивка има близок пријател, семејство, соработник, добротворна организација, приватни или бизнис интереси или политички партии. Во приватниот сектор најпоткупувани службеници се политичарите, регулаторите, спроведувачите на законот, судиите. Дополнително, мито може да побараат официјални лица кои работат или надгледуваат собирање на приходи, како што се управата за јавни приходи, царината, јавните комунални претпријатија.
2. ПРОНЕВЕРА
Ова делo вклучува кражба на средства од страна на лицата кои се надлежни и имаат контрола како јавни службеници и приватни поединци. Проневера, исто така, е и употреба на владин имот и лица за приватна употреба. Не само што проневерата е казнен акт, исто така се казнува и неовластеното користење на времето и трудот на јавните службеници, како и на владините објекти и опрема.
3. ИЗНУДУВАЊЕ
Чинот на изнудување вклучува уценување на лицето да плати пари или да се обезбедат други скапоцености или лични услуги. Уценувањето може да биде со физички закани, насилство или воздржаност.
4. КОНФЛИКТ НА ИНТЕРЕСИ
Ангажирање во трансакции, "продавање" влијание, стекнување на позиција или комерцијален интерес што е не компатибилно со извршувањето на официјалната улога и задачи со цел нелегално збогатување. Самиот конфликт на интереси не е корупција, но со неговото доследно спречување значајно се намалува можноста за корупција во извршувањето на јавната должност и ја зголемува довербата на граѓаните во избраните функционери, односно носителите на јавни државни функции. Токму затоа во сите демократски земји се посветува големо внимание на превенцијата од конфликтот на интереси.
Република Македонија оваа проблематика ја има регулирано преку Законот за спречување судир на интереси кој стапи во сила 2007-та година, а со кој се дефинира судирот на интереси, постапувањето во случај на судир на интереси, мерките за спречување судир на интереси во вршењето на власта и во доверени јавни овластувања од страна на службени лица што вршат јавни овластувања.
5. НЕПОТИЗАМ
Непотизмот е термин со кој се означува пополнување на работните места со членови на сопственото семејство или давање предност на блиските луѓе (фаворизирање) при вработувањето. При тоа критериумите како што се стручната оспособеност или заслуги за одредена функција немаат одлучувачка улога. Непотизмот е закана за демократијата затоа што ја концентрира моќта во рацете на едно семејство, и им овозможува на т.н. семејни кланови да завладеат со одредени јавни институции. Во приватниот сектор, непотизмот е честа, можеби не секогаш праведна но легитимна појава, затоа што сопственикот на една приватна фирма не мора да биде транспарентен при вработувањето, како што мора да бидат работодавците во јавниот сектор.
6. НЕЛЕГАЛЕН ПОЛИТИЧКИ ПРИДОНЕС
Нелегален политички придонес е кога политичките партии или Владата добиваат пари во замена за одличен однос и немешање во одредени одлуки. Ова дело е тесно поврзано со подмитување. Моќни групи на интерес, особено корпорациите сакаат да дадат несебичен придонес во некоја партија со цел да се постигне помалку регулирање на нивната индустрија или на одредени делувања.
7. ПЕРЕЊЕ ПАРИ
Секоја сеопфатна стратегија за борба против корупцијата мора да вклучува мерки насочени кон спречување и контрола на перењето на приносите од корупцијата (пари). Врската помеѓу перењето пари и корупцијата има корупциски ефект на националните и меѓународните финансиски системи. Коруптивниот ефект на перење пари не влијае само на приватните претпријатија и нивните вработени, туку на целата држава.