09 March 2010

Плакети за четири средношколки за најдобар есеј за корупција

Верче Каранфиловска, Тамара Котевска, Симона Локвенец и Сара Робели ученички во скопските средни училишта “Раде Јовчевски Корчагин“ и “Јосип Броз Тито “ добија плакети за најдобри есеи на тема “Корупцијата не е моја иднина“.

Слаѓана Тасева претседателката на “Транспарентност Нулта Корупција“, носител на проектот “Култура на законот наспроти корупција 2009“ рече дека ова е прв и единствен настан од ваков вид, а тоа е доделување на пофалници за најдобрите есеи кои учениците од средните училишта ги напишаа на тема “Корупцијата не е моја иднина“.

“Борбата против корупцијата е предизвик за сите генерации, за возрасните таа изразена во потребата да изградат општество во кое сите убаво ќе живееме и ќе имаме под еднакви можности за работа и напредок. За младите предизвик да сфатат каков е овој проблем и ова зло кое може да ја загрози нивната иднина.“, рече Тасева.

Амбасадорот на Норвешка во земјава Кјетил Паулсен во своето обраќање посочи дека најдобра превентивна мерка во борбата против корупцијата е донесување на повеќе закони што ќе ја регулираат оваа материја. За него и развиената свет е многу клучна за препознавање и справување со ова зло.

“Со цел да и се спротивставиме на корупцијата ни треба свест. Свеста полесно се креира во умовите на децата и младите отколку во умовите на возрасните. Да се научат младите за сите негативни аспекти на корупцијата и најдобрата превентивна мерка што ја имаме е борбата против ширењето и растот на коруптивните закони.“, прецизираше норвешкиот амбасадор.

Извор: Нетпрес
  • Stumble This
  • Fav This With Technorati
  • Add To Del.icio.us
  • Digg This
  • Add To Facebook
  • Add To Yahoo

1 comment:

Анастасија said...

Браво за иницијативата за ваков конкурс...На тој начин средношколците ќе се запознаат со правите вредности и се надевам дека ќе излезат некорумпирани генерации кои ќе ја направат оваа држава подобро место за живеење.