01 March 2010

Корупција – каде се случува?

Корупцијата може да се јави во сите области и дејности од секојдневното живеење и работење – во јавните институции, образованието, здравството, политиката, економијата и меѓународниот бизнис.

Сте размислиле ли колку корупцијата е присутна во нашето секојдневие и какво е учеството на секој од нас во нејзиното вкоренување? Колку пати сте биле актери во ситуации кои претставувале акт на корупција без да бидете свесни за нејзината вистинска цена?

Корупцијата е најбрзиот начин за уништување на моралните вредности и перспективите на луѓето. Така самите ги поткопуваме темелите на општеството од кое зависиме и на долг рок губиме многу повеќе од тоа што набрзина го добиваме.
  • Сте размислиле ли дека кога давате повеќе пари или со моќ добивате право на лекување пред останатите правите акт на корупција? Со корупцијата во здравството се поткопуваат основните принципи за човештвото и солидарноста врз кои се темели медицината.
  • Корупцијата во царината претставува голема пречка за развој на здрава бизнис клима во државата. Ова не само што ја  зајакнува нелојалната конкуренција, но, исто така се докажува ефективноста на "официјалниот поткуп". Криминални дејства, измами, шверц, дрога, трговија со луѓе и даночни затајувања, не се дел од патот кон Европа. Многу често припадниците на бизнис секторот се во заблуда кога мислат дека  можат да остварат корист нудејќи „услуга за услуга“. Купената корист е само краткорочна, на долг рок губиме многу повеќе од тоа што моментално можеме да го добиеме со чинот на корупција.
  • Свесни ли сте дека кога треба да дадете поткуп за да добиете правда која Ви следува се вика корупција? Според сите норми и закони кај нас и во светот, корупцијата е кривично дело. Бидете совесни граѓани и не дозволувајте да создава кривични дела оној што треба истите да ги казнува.
  • Сте размислиле ли дека кога плаќате за образование или им подарувате подароци на професорите тоа нема да ве направи попаметни. Најуспешните секогаш се потпираат на знаење. Оценката во индекс не Ви ветува сигурна перспектива, ниту пак ширум отворени врати кон успехот. Тоа се само фрлени пари и акт на корупција. Затоа не полнете ги попусто џебовите на оние кои не заслужуваат.
  • Свесни ли сте дека ако им понудите пари на полицајците наместо да ви пишат казна што сте го прекршиле сообраќајниот закон извршувате коруптивно дело? Дополнително, ако полицијата ви изнудува пари за замена на казна е корупција.
  • Stumble This
  • Fav This With Technorati
  • Add To Del.icio.us
  • Digg This
  • Add To Facebook
  • Add To Yahoo

5 comments:

Николина Стефановска said...

Преку се може да се помине, но кога некој ќе ти побара мито во здравството, за некој близок да се приближи до врвот на листата за чекање за операција е тоа е веќе црвената линија која не смее да се пречекори! А се пречекорува секојдневно! Пред неколку години се најдов во слична ситуација, сакав да пријавам, ама во тој момент не можев да мислам на сите тие процедури, а и најблиските не ме поддржуваа во намерата. Не платив, ниту пак пријавив само едноставно се префрлив во друга болница. Од денешен аспект мислам дека згрешив... требаше да соберам храброст и сила да ги истуркам работите до крај. Кој знае на колкумина уште истиот лекар побарал мито потоа... кој знае колкумина од нив имале да платат! кој знае дали утре пак ќе се најде некој друг мој близок во истата ситуација?

Anonymous said...

Се согласувам со тебе Николина, си требала до крај да ја истераш работата...Не дај боже да ти притреба да одиш пак на операција, ама и во друга ситуација мислам дека сите треба да собереме храброст и да не се плашиме да ги пријавиме корумпираните.

Nikola said...

Јас завршив на Економскиот Факултет во Скопје. Факултет на кој мнозинството од студентите сметаат дека има корупција и истата има пуштено длабоки корени. Искрено јас никогаш не ја почувствував корупцијата на моја кожа, можеби затоа што не изгледав како дете од богата фамилија можеби поради други причини. Единствено што знаев за неа беа гласините од моите колеги и блиски на нив. Меѓутоа не можам да кажам и дека ја немаше. Во една прилика еден студент одржувајќи говор на предметот Деловно комуницирање јавно не запраша “Кој од вас смета дека на нашиот факултет има корупција?“ На почетокот многу од студентите се плашеа да ја подигнат раката, јас признавам, бев меѓу првите што ја подигнаа раката. И пак би ја подигнал ако некој повторно го постави истото прашање. Всушност студентот го заврши говорот со по две раце од студент подигнати во воздух. Она што мене лично ме загризуваше е тоа што студентите сами бараа да платат корупција. Не затоа што они беа неправедно “буткани“ од професорите туку затоа што ги мрзеше да го научат предметот. “Што има да го учам да се малтретирам кога може да си го платам?“ беше најчестиот изговор. Така се случи јас со најмногу поени по предметот Економска Географија да имам пониска оценка од студентка Е.М., да положи менаџмент студентка Љ.Г. за која сигурно знам дека беа истакнати резултати според кои немаше ни одблиску доволно поени, да положи Г.А. статистика иако не знае ни книгата како изгледа. Најдобро е да има посебна тарифа според која би се плаќале испитите доколку некој стварно не може да ги положи (не е секој надарен за се), и утре тоа да фигурира во диплома. Затоа што вака функционира на ниво на сива економија. Од една страна професорот не побарал корупција, од друга страна правилно е некако да го казни студентот за неговата мрзлива постапка или неспособност да го научи предметот.

Anonymous said...

I jas se soglasuvam,cesto se slucuva da nemame istrajnost ili poriv da se borime ili sprotivstavuvame, no problemot nema nekoj drug da ni go resi, kako i za se drugo vo zivotot.

Darko said...

И јас завршив на Еконосмки и со мои очи имам видено како функционира тоа. Бев сведок како девојка дава пликце на професорка... освен тоа, на шалтерот за апсолвенти на студентски прашања јас лично и помогнав на една студентка да ја пополни пријавата за испит затоа што не го разбирање јазикот ниту кириличното писмо. Ако нема корупција на Економски, како тогаш мојата колешка стигнала до IV година?